Објавено на:

Златен медал за македонската каратистка Софија Топалоска во САД

t

Младата македонска каратистка Софија Топалоска освои златен медал на престижното AAU Karate National Championships 2026, кое се одржува од 29 јуни до 4 јули во Конгресниот центар Broward County Convention Center во Форт Лодердејл, Флорида, САД.

Топалоска настапи во категоријата девојчиња 10 години – Advanced Kumite, каде што со извонредна техничка подготвеност, тактичка зрелост и силен натпреварувачки дух успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот уште на првиот натпреварувачки ден.

AAU Националното првенство претставува едно од најзначајните карате-собири во Соединетите Американски Држави, кое секоја година ги обединува најдобрите млади каратисти од сите сојузни држави, заедно со нивните тренери и клубови. Во рамки на настанот се одржуваат и специјализирани семинари и мастер-класови со врвни светски и олимписки шампиони.

Топалоска настапува за клубот American Sports Karate од Нејплс, Флорида, каде што продолжува да ја гради својата спортска кариера. Таа е поранешен член на Карате клуб „Кизаме“ од Скопје, каде ги направи своите први натпреварувачки чекори, и досегашен член на Карате федерацијата на Македонија, под чие знаме има освоено повеќе домашни и меѓународни одличја.

Овој успех претставува уште една потврда за нејзиниот талент, посветеност и континуиран спортски напредок, како и значаен придонес кон афирмацијата на македонското карате на меѓународната сцена.

На само 10 години, Топалоска се вбројува меѓу најперспективните млади каратисти во својата генерација, а нејзиниот златен медал од националното првенство во САД претставува силна најава за идните спортски предизвици и успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог Дара да биде прогласена за почесен…

Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…

(ФОТО) Американски воени авиони на аеродромот во…

Извори на бугарскиот портал „Сега“ и објави…

Пожар во станбена зграда во Софија, една…

Жена на возраст од 45 години го…

Протест во Софија за фер и чесни…

Во главниот град на Бугарија, Софија, се…

20.000 демонстранти на улиците во Софија против…

Луѓе се собраа на улиците на Софија,…