Идната недела ќе се анализира дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени
Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците.
– Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе постапиме, изјави денеска на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
На прес-конференција на која беше означен стартот на примената на Законот за работно ангажирање на лица министерот посочи дека со овој закон ќе се намали невработеноста и оти пензионерите, студентите, корисниците на социјална помош, ќе можат да бидат вработени во текот на годината не повеќе од шест месеци.
Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и борба со сивата економија.
– Во првата фаза со законот се опфатени дејностите каде што сивата економија е најизразена – земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домаќинството. Според направените анализи, со примената на законот се очекува формализација на до 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите, рече денеска на прес-конферениција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Прашан дали ќе има прочистување на списокот во Агенцијата за вработување каде има невработени кои земаат социјална помош а неприфаќаат вработување, наведе дека со новиот закон што е во сила тие нема да ги губат правата како невработени, но ќе имаат можност да бидат вработени во дејностите земјоделство, рибарство, шумарство, угостителство.
Според направените анализи на Министерството за економија, со примената на законот се очекува формализација на 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Идната недела ќе се анализира дали имало…
Министерството за економија и труд идната недела…
Честито: СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА!
По барање на ЕВН Хоум, Регулаторната комисија…
Нови цени на горивата од полноќ
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите…
Дизелот поевтинува од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…