ИДФ: Ќе продолжиме да го гониме секој наследник на Хамнеи
Израелската војска предупредува дека ќе продолжи да гони секој наследник на убиениот врховен лидер на Иран.
Во објава на X на персиски јазик, израелската војска предупредува дека ќе го гони и секое лице кое сака да назначи наследник за ајатолахот Али Хамнеи, осврнувајќи се на свештеничкото тело задолжено за избор на врховниот лидер на Исламската Република.
„По неутрализирањето на тиранинот Хамнеи, терористичкиот режим на Иран се обидува да се обнови и да избере нов лидер“, се вели во објавата на ИДФ. „Иранското собрание на експерти, кое не се состанало со децении, наскоро ќе се собере во градот Ком. Сакаме да ви кажеме дека раката на Државата Израел ќе продолжи да гони секој наследник и секое лице кое сака да назначи наследник“, предупредува војската.
„Ги предупредуваме сите оние кои имаат намера да учествуваат на состанокот за избор на наследник дека нема да се двоумиме да ве таргетираме и вас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ: Ќе продолжиме да го гониме секој…
Израелската војска предупредува дека ќе продолжи да…
(Видео) ИДФ уништи ќелија на Хезболах во…
Ќелија оперативци на Хезболах беше убиена во…
Израел: Се намалува бројот на ирански напади,…
Според израелската војска, стапката на ирански ракетни…
ИДФ кажа кои врвни ирански разузнавачки офицери…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавуваат дека неколку…
ИДФ: Лидерот на Хезболах е цел –…
Портпаролот на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин,…