Извршителката Весна Јакимовска е условно осудена за нападот врз новинарот Салиу
Извршителката Весна Јакимовска е прогласена за виновна за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, при што ѝ е изречена условна казна затвор од шест месеци. Според пресудата на Судот, казната нема да се изврши доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.
астанот се однесува на случај од март 2024 година, кога, како што е наведено во пресудата, со употреба на сила и сериозна закана бил спречен новинарот Фуркан Салиу да извршува професионални задачи.
Пресудата на Фејсбук ја објави Салиу и најави дека ќе ја обжали.
„Спречување службено лице во вршење службено дејствие се казнува со условна казна од 6 месеци. Која е поентата новинарите да се водат како службени лица, ако за напад врз нив судот напаѓачите ги казнува со условна казна?“, напиша Фуркан Салиу и наведе дека пресудата ја смета за „морална победа“, но не и за задоволителна правна разрешница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фуркан со брза математика: Присутни се 100-тини…
Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу сподели…