Изгорено машко тело пронајдено по пожар во индустриска зона во Скопје
Опожарено тело на машко лице е најдено по пожарот кој избил во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба, соопшти полицијата.
На 13.12.2025 во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во два магацина, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користел М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.
Полицијата не го соопшти идентитетот на починатиот и како настанала трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгорено машко тело пронајдено по пожар во…
Опожарено тело на машко лице е најдено…
Филмска сцена во Скопје: Со две возила…
13.12.2025 во 04:20 часот во СВР Скопје,…
Ова е херојот од Сиднеј кој сам…
Во хаосот и стравот што го обви…
Тројца македонски државјани повредени во масовна крвава…
Насилен инцидент ја вознемири швајцарската општина Романсхорн,…
СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за…
Откако со денови објаснуваме дека постои договор…