Изградбата на брзата пруга почнува на крајот на годинава, во август ќе има јавна презентација на еколошката студија

t

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, изјави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Тој рече дека сега следуваат јавни презентации за студиите по што ќе подготват договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финансирање пред Собранието.

Николоски потврди дека рокот за старт на работите останува  крајот на годината.

–  Изработката на еколошката  студија и на студијата за влијание  врз социјалната средина е готова. На почеток на август ќе има јавни презентации, ќе има најмалку четири – во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија  каде што ќе може локалното население да се запознае. Се работи навистина за квалитетен документ од скоро 1600 страници којшто ги опфаќа сите аспекти. После тоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и согласно договорот којшто го имаме, до 31-ви август оваа работа треба да биде завршена, по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот. Се е според планот како што најавив – изјави Николоски.

Прашан за детали околу финансирањето, укажа дека согласно со домашните закони условите ќе бидат  јавно презентирани во Собранието и оти дотогаш не може да се споделуваат со јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изградбата на брзата пруга почнува на крајот…

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата…

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот…

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во…

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАСИЛУВА ФРОНТОТ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ: Три…

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите…

Бебе во Полска родено со 1 промил…

Новороденче во Полска било примено во болница…

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт…

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт…