Измама со лажни лекари во Србија: Извлечени големи суми на пари од повозрасни луѓе

t

Српското Министерство за внатрешни работи предупреди на појава на случаи на измама во кои непознати лица, повикувајќи ги граѓаните на фиксни телефони, лажно се претставуваат како лекари и ги доведуваат во заблуда дека нивните најблиски се тешко повредени во сообраќајни несреќи или други околности, барајќи пари и други вредни предмети за трошоците за наводно лекување.

Градската полициска управа на Белград информира дека жртвите се претежно постари граѓани кои сторителите на ова кривично дело ги довеле до местото на средба со лицето на кое требало да му ги предадат парите. Лицата кои лажно се претставиле одржувале комуникација со жртвите на измамата преку мобилен телефон, така што тие не можеле да контактираат со член на нивното семејство кој наводно бил тешко повреден, според полицијата.

Белградската полиција, во соработка со надлежното обвинителство, работи на неколку вакви случаи на кривично дело измама. Апелира до граѓаните внимателно да ги проверат околностите и намерите на оние што ги повикуваат доколку добијат вакви повици и за сè да ја известат најблиската полициска станица или Полициската управа на Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измама со лажни лекари во Србија: Извлечени…

Српското Министерство за внатрешни работи предупреди на…

Вучиќ: Се подготвувам за мојата прва официјална…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ: За година и пол ќе се…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сè…

Вучиќ: Србија е неутрална земја, нема да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес учествува…