Објавено на:

Израел уби еден од клучните луѓе на Хамас во Газа

t

Израелската армија изврши напад врз автомобил во градот Газа, при што загинаа четири лица, а најмалку 25 беа повредени.

Според извештаите на бројни израелски медиуми, повикувајќи се на извори, целта на нападот бил Раед Саед, висок командант на Хамас и еден од главните планери на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година. Хамас и медицински извори во Газа сè уште не потврдија дали Саед е меѓу загинатите, пишува Ројтерс.

Израелската војска потврди дека целта била висок командант на Хамас во градот Газа, но сè уште не го објавила неговото име или други детали за операцијата. Доколку се потврди, смртта на Саед би била најзначајното убиство на висок функционер на Хамас откако започна прекинот на огнот во октомври.

Неименуван израелски функционер за одбрана го опиша Саид како шеф на силите за производство на оружје на Хамас. Извори од Хамас го наведуваат како втор човек во вооруженото крило на групата, веднаш зад Иза елдин Ал-Хадад.

Според истите извори, Саед командувал со батаљонот Газа Сити, кој се смета за еден од најголемите и најдобро опремените во организацијата.

Иако прекинот на огнот договорен на 10 октомври им овозможи на стотици илјади Палестинци да се вратат во урнатините на Газа Сити и повлекувањето на израелските трупи и зголемениот проток на помош, насилството не е целосно запрено. Според палестинските здравствени власти, израелските сили убиле најмалку 386 лица во Газа од почетокот на прекинот на огнот.

Од друга страна, Израел објави дека во истиот период загинале тројца војници и дека извршил напади врз десетици борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби еден од клучните луѓе на…

Израелската армија изврши напад врз автомобил во…

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за…

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното…

Хамас одбива да се разоружа: Тоа би…

Исламистичката милитантна организација Хамас е подготвена да…

Трамп го предупреди Нетанјаху: Не се мешај…

„Бенјамин Нетанјаху штотуку разговараше со американскиот претседател…

Ердоган: Светот повеќе не може да го…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го…