Илиоски вторпат по ред најдобар во Македонија, кај дамите наградата за Рељиќ

t

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите спортисти во 2024 година, па така наградата за спортист на годината му припадна на кикбоксерот Бобан Илиоски, додека кај дамите најдобра беше Милјана Рељиќ.

Илиоски неодамна стана европски шампион во категорија до 86 килограми, па така втора година по ред го добива признанието – спортист на годината.

„Чест и задоволство ми е што ја добив наградата за најдобар спортист во Македонија. Ќе ја претставувам државата и понатаму на најголемите сцени“, кажа Илиоски.

Наградата за најдобра спортистка во 2024 година ѝ припадна на македонската таеквондистка Милјана Рељиќ.

„Нема подобар начин од овој да се заврши годината. Благодарна сум за номинацијата, но за оваа награда се заслужни и моето семејство и тренерот Александар Ефтимов кои ми помогнаа да постигнам успеси. Иако не освоивме медал на Олимписките игри, сепак покажавме дека може да се бориме против најдобрите“, кажа Рељиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Зеленски неправедно го критикува Шолц

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави…

Трамп најавува крај на трансродовите политики

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Ердоган повторно повика на нов устав

ја, туку неопходност што е одамна задоцнета,…

Илиоски вторпат по ред најдобар во Македонија,…

Министерството за спорт вечерва ги додели наградите…

Кривична пријава за двајца цариници, пропуштиле мерцедес…

Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава против…