Илјадници луѓе во Будимпешта ги дочекаа српските студенти кои со велосипеди возат кон Стразбур

Студентите велосипедисти од Србија кои се на пат за Стразбур денеска пристигнаа во Будимпешта каде им беше приреден голем пречек на Плоштадот на хероите.
Тие донесоа рози, транспаренти и подготвија храна и освежување.
Студентите велосипедисти извикуваа „Исполнете ги барањата“, „Никој не е уморен, не знаеме за замор“.
Утрото на 3 април студентите тргнаа кон Стразбур, а моментално се во Унгарија и оценија дека рутата низ оваа земја е „безбедна, но бавна“.
Тие ќе поминат низ клучните европски градови, а според најавата треба да пристигнат во Стразбур на 15 април. Целта на патувањето е да се сврти вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната состојба во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илјадници луѓе во Будимпешта ги дочекаа српските…
Студентите велосипедисти од Србија кои се на…
Студентското собрание при УКИМ се извини за…
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…
СДСМ: Зошто Владата три дена крие колку…
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите…
Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…
Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…
Се укинува линијата Скопје – Будимпешта на…
„Визер“ од 9 март ја укинува линијата…