„Имал службени дописи до неговите надредени и ги презел дејствијата на кои бил овластен од закон“: Одбраната на Грнчиштанов бара судот да утврди и докаже која е неговата вина

t

Одбрана на Љупчо Грнчиштанов

Судот не е врзан за предлозите на тужителот и судот треба да ја донесе пресудата согласно доказите кои ќе се изведат на главната расправа. Посебно бараме судот да се произнесе и решава за приговорите и барањата кои ќе ги истакнуваме.

Ќе докажеме дека обвинетиот не сторил тешки дела против општата сигурност. Целта на постапката е да се утврди дали има дејствија кои се поврзани со кривично-правниот настан. Јас би сакал да прејудицирам можност за суштествени одредби на постапката и правата на обвинетиот.

Обвинителството грубо ги крши правата на сите обвинети, низ призма дека се врши некое корегирање на обвинението, се додаваат шест нови сведоци кои ниту се предложени на листата на докази, ниту сослушани пред јавен обвинител, нема записник за нив, нема ниту во незаконитиот предлог кој го дадоа на главна расправа на УСБ. Во оваа фаза сметам дека треба да се нагаси дека тие докази се незаконти и нивно евентуално изведување уште сега би ја контаминирало оваа постапка.

Сакам да истакнам дека не така често сум бил во можност да одбраната ја базирам врз закони и докази на обвинителството. Обвинението е поставено дека овој обвинет како вработен во ДЗС со несторување како соизвршеител сторил криивчно дело. Обвинението против него се базира пред се на бланкетни норми, повеќе законски норми, ќе докажеме пред судот преку овие законски одредби и норми дека обвинетиот ги презел сите мерки и активности на кои бил обврзан со закон и ќе докажеме дека истиот не сторил дејствија на пропуштање.

Ние бараме судот да ги примени законите совесно и да се утврди и докаже која е вистинската положба и статус на овој обвинет. Кои се тие негови овластувања? Ќе докажеме дека обвинетиот не може да го стори делото кое му се става на товар.

Овој обвинети имал службени дописи до неговите надредени, истиот целосно и совесно ги презел дејствијата на кои бил овластен од закон.

Соизвршителството преку наводно несторување поставува прашање дали воопшто таквата правна конструкција е издржана и дали на таква теорија може да се базира пресуда? Одбраната смета дека тоа не е можно.

Второ е прашањето за постоење на субјективни и објективни претпоставки за соизвршителство, кои за овој обвинет не постојат.

Грнчиштанов:

Би сакал на семејствата и на блиските на настраданите да им изразам сочувство. Што се однесува до воведниот говор се приклучувам на наводите од истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Имал службени дописи до неговите надредени и…

Одбрана на Љупчо Грнчиштанов Судот не е…

„Трагедијата во Пулс не е настаната поради…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

„Неможно е да е виновен“: Одбраната на…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Одбраната на Џафероски: „Да не дозволиме неправедно…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Салиу за мајка на починато дете во…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…