Имало 500 гости повеќе од дозволеното – казна од 100 евра за локалот во Кавадарци каде што беше приведен Аца Лукас

t

Локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември настапуваше Аца Лукас е казнет со парична глоба од 100 евра, а иста казна добило и одговорното лице, поради тоа што во објектот имало трипати повеќе гости од дозволениот број во моментот на инспекциската контрола на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), објави СДК.

Според законот, за ваков прекршок – вршење угостителска дејност без исполнување на минимално-техничките услови, што во овој случај се однесува на надминување на дозволениот број гости – предвидена е казна од 100 до 300 евра за микро трговец.

Бидејќи глобите биле платени навреме, износот е намален на законскиот минимум.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, тогаш изјави дека во локал кој е регистриран за 200 лица, биле присутни околу 700 гости.

„Нема да дозволиме Кочани-сценарио. Безбедноста е прва”, рече тогаш Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имало 500 гости повеќе од дозволеното –…

Локалот во Кавадарци во кој на 22…

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите…

Куче било спасено синоќа од страна на…

Притворен е мажот кој му се закануваше…

Кавадарчанецот што му се закануваше на кавадаречкиот…

Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…

Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…

Мислел дека брат му сака да му…

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци…