Објавено на:

Инвеститор од Куманово срушил заштитен објект на народен херој и изградил дивоградба

t

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против инвеститор од Куманово кој во 2023 година срушил и уништил куќа – заштитен објект на културно наследство, на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак. На локацијата каде што се наоѓал заштитениот објект, инвеститорот изградил градба од втора категорија, без претходно добиено одобрение од Општина Куманово.

„Со тоа, Ф.Ф. (52) од Куманово постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата“, наведуваат од МВР.

Освен против инвеститорот, кривична пријава е поднесена и против Л.Т. (52) – градежна инспекторка од Општина Куманово која несовесно постапила во вршењето на своите овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, која била должна да ја утврди согласно законските прописи.

Лицата се осомничени за кривичните дела оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инвеститор од Куманово срушил заштитен објект на…

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против инвеститор…

Еди Рама не планира да го запре…

Албанскиот премиер Еди Рама вети дека ќе…

Вељановска: Државниот градежен инспекторат има само четири…

Во вечерашното издание на „Топ Тема“, претставничката…

Ни Мерц ниту Пријателите на Балканот немаат…

Во македонската јавност очигледно јак впечаток остави…

Јавното обвинителство го промовира новото лого

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска…