Индустриските зони се „отвораат“ за воената индустрија и домашниот бизнис
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, откри амбициозен план за ревитализација на нефункционалните индустриски зони преку два клучни сегменти: воена индустрија и локален економски развој.
Димовски истакна дека веќе постои сериозен интерес од странски компании за отворање капацитети за наменско производство (воена индустрија), објави 4news.mk Една од неговите главни идеи е да се понудат специфични зони кои ги исполнуваат сите безбедносни услови за овој тип производство.
„Навистина е предност што сме членка на НАТО. Компаниите бараат безбедност и сигурност, и токму затоа претпочитаат нивното производство да биде лоцирано во земја сојузничка. Работиме на тоа да ги прилагодиме законските рамки за воената индустрија да стане дел од нашиот индустриски систем“, појасни Димовски.
Вториот дел од стратегијата се однесува на зоните кои низ годините станале нефункционални поради промена на демографијата и кои веќе не се атрактивни за странските инвеститори. Планот предвидува:
Законски измени: Трансформација од ТИРЗ во класични индустриски зони.
Локално управување: Предавање на зоните под надлежност на општините.
Поддршка за македонски компании: Овозможување на домашните извозно ориентирани фирми да добијат урбанизирано земјиште подготвено за градба.
„Разговарав со стопанските комори и тие силно го поздравија овој потег. Локалните компании бараат простор за да се прошират. Со оваа трансформација, нефункционалните зони конечно ќе станат индустриски центри кои ќе го движат локалниот економски развој и ќе овозможат вработувања во самите населени места“, нагласи директорот.
Со овој чекор, Владата планира да го подигне нивото на домашното стопанство и максимално да ги искористи веќе изградените капацитети кои со години стоеја неискористени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Индустриските зони се „отвораат“ за воената индустрија…
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во гостувањето…
Апсење во Скопје: Инцидент во кафеана во…
Ноќеска во 02:13 часот во СВР Скопје…
Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето
Шефицата за надворешна политика на Европа, Каја…
Сиљановска-Давкова: Не треба да чекаме децении за…
Не треба да чекаме децении за Европската…
Трамп оптимист пред преговорите со Иран во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…