Интервјуирање кандидати за судија од Македонија во Еврпскиот суд за човекови права
Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.
Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.
-Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници, соопшти Комисијата за избор на кандидат за судија во Стразбур.
Меѓу кандидатите кои се повикани на интервјуа се поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати. Станува збор за 11-те кандидати: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер Дамјановска, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени,Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.
Деветгодишниот мандат на македонскиот судија во Стразбур Јован Илиевски му истекува на 1 февруари 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…
Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…
Постапката е запрена поради сменети искази на…