Инцидент во Скопско – човек пукал со пиштол, толпа спречила полицајци да го уапсат
Вчеравечер во скопското село Долно Количани се случил инцидент, кога се собрала поголема толпа луѓе, а во неа еден човек испукал неколку куршуми од пиштол во воздух. Полицајци му го одзеле пиштолот, а кога се обиделе да го уапсат, толпата тоа не им го дозволила, соопшти МВР.
„На 02.11.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух. Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во престерелка пред Општина Куманово ранет…
Во пукање пред Општина Куманово денеска е…
Пукање во село Горна Матка, повреден жител…
МВР соопшти дека во текот на вчерашниот…
СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…
Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…
Убоди со нож и пукање – Обид…
Поднесена е кривична пријава од страна на…