Иран ги зголемува цените на бензинот првпат од 2019 година
Иран денеска ја зголеми цената на субвенционираниот бензин, првпат од 2019 година, кога зголемувањето на цените на горивата предизвика масовни протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.
Техеран се соочува со растечки притисок од падот на вредноста на неговата валута, ријалот, како и економските санкции воведени поради неговата нуклеарна програма.
Новиот систем на цени воведува трет степен на цени во долгогодишниот систем на субвенции во земјата, дозволувајќи им на возачите да продолжат да добиваат 60 литри бензин месечно по субвенционирана цена од 15.000 ријали на литар (околу 18 денари) додека следните 100 литри ќе останат 30.000 ријали на литар (околу 37 денари).
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) со седиште во Париз го рангираше Иран како втор најголем потрошувач во светот на субвенции за енергија во 2022 година, веднаш зад Русија.
Денешното зголемување на цените е најзначајната промена во системот за субвенции за гориво во Иран од 2019 година, кога ненадејниот скок од 50 проценти на субвенционираните цени и зголемувањето од 300 проценти на стапката за купувања над квотата предизвикаа протести во повеќе од 100 градови и места низ целата земја.
Најмалку 321 лице загинаа во немирите, според Амнести интернешнaл, а илјадници други се приведени.
Критичарите тврдат дека секое зголемување на цената на бензинот од 10.000 ријали (околу 12 дeнари) ја зголемува инфлацијата за пет проценти, додека моменталната годишна стапка на инфлација во Иран е околу 40 проценти.
Евтиното гориво резултираше со зголемена вработеност во Иран, со оглед на тоа што повеќе од осум милиони жители работат како таксисти преку онлајн платформи, што е речиси 10 проценти од населението.
Министерот за енергетика Мохсен Пакнеџад изјави за зголемувањето на цената дека тоа претставува „почеток на промена во трендот на потрошувачката на гориво“.
Експертите велат дека Иран би можел дополнително да ги зголеми цените на нафтата во иднина, а владата ги преиспитува цените на секои три месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран ги зголемува цените на бензинот првпат…
Иран денеска ја зголеми цената на субвенционираниот…
Во Иран јавно егзекутиран маж поради убиство…
Маж е егзекутиран во иранскиот град Семнан…
Иран размислува да го смени главниот град
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преместувањето…
„Њујорк тајмс“: Конфликтот меѓу Иран и Израел…
Државите од Персискиот Залив веруваат дека вооружениот…
Врховниот лидер на Иран вели дека соработката…
Соработката меѓу Иран и САД не е…