Објавено на:

Иран: Доколку нашите објекти бидат цел на напади, ќе ги таргетираме и американските компании

t

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Иран ќе одговори на секој напад врз неговата енергетска инфраструктура со напади врз објектите на американските компании во регионот, објави агенцијата Тасним поврзана со Иранската револуционерна гарда.

„Доколку иранските објекти бидат цел на напади, нашите сили ќе ги таргетираат објектите на американските компании во регионот или компаниите во кои САД имаат удел“, рече Арагчи.

Тој додаде дека Иран „дефинитивно ќе одговори на овие напади“, но дека ќе се обиде да избегне таргетирање на густо населени области.

Изјавата доаѓа неколку часа откако американската војска го нападна островот Харг, клучна точка за извоз на иранска нафта низ која минува околу 90 проценти од иранската нафта.

Иранската новинска агенција подоцна објави дека американските сили ги нападнале воздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангарот за хеликоптери, додавајќи дека нафтената инфраструктура не е оштетена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран: Доколку нашите објекти бидат цел на…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…

Пламен во клучниот нафтен центар на ОАЕ:…

Голем пожар избувна во Фуџаира, еден од…

Трамп: Многу земји ќе испратат бродови во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

„Трамп не е добро“: Новиот гаф лансираше…

Телевизиските гледачи изразија загриженост за здравјето на…

Еди Рама се расправаше со новинари –…

Расправија на прес-конференција во Тирана Инцидентот се…