Иран лансирал над 3.400 ракети и дронови низ Блискиот Исток? Се појави карта со шокантни бројки
Нови податоци за воените активности на Блискиот Исток укажуваат дека Иран лансирал вкупно 3.403 проектили – комбинација од балистички ракети и нападни дронови кон повеќе земји во регионот.
Според објавените бројки, нападите биле изведени со 1.209 балистички ракети и 2.194 дронови, што претставува еден од најголемите регистрирани обеми на ваков вид оружје во регионалните конфликти.
Најголемиот дел од проектили биле насочени кон Обединетите Арапски Емирати, каде што се наведува бројка од 1.737 проектили, што претставува повеќе од половина од вкупниот број.
Потоа следуваат:
Кувајт – 332
Израел – 330
Оман – 297
Бахреин – 273
Катар – 164
Јордан – 119
Саудиска Арабија – 86
Ирак – 60
Податоците покажуваат дека нападите биле распоредени низ речиси целиот регион на Персискиот Залив и поширокиот Блиски Исток, што укажува на сериозна ескалација на безбедносната состојба.
Воените аналитичари предупредуваат дека ваквите активности дополнително ја дестабилизираат ситуацијата во регионот, кој и онака е под силен притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран лансирал над 3.400 ракети и дронови…
Нови податоци за воените активности на Блискиот…
Шилегов: „Денеска не е ден за политика,…
„Фокус“ доцна вечерва стапи во контакт со…
Прогнозите за Ормускиот теснец го смируваат пазарот:…
Цените на нафтата во понеделникот паднаа на…
Вучиќ: Србија гради силна одбрана
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети…
Гужви по бензинските пумпи, од полноќ повторно…
Новите зголемени цени на горивата кои ќе…