Објавено на:

Иран погуби поранешен ММА-борач осуден дека шпионирал за Израел

t

Иран неделава го погубил поранешниот ММА борец Голамреза Хани Шакараб, кој беше обвинет за шпионажа и соработка со Израел, во случај што организациите за човекови права го оценуваат како нетранспарентен и политички мотивиран, објавија светските медиуми повикувајќи се на државната иранска агенција Тасним.

Шакараб потекнувал од градот Ардабил во северозападен Иран. Се занимавал со мешани боречки вештини (ММА), а работел и како тренер и меѓународен судија.

Според организациите за човекови права, извесен период живеел во Турција, а во 2025 година бил уапсен за време на патување во Ирак. Иранските власти го обвинија за „шпионажа и разузнавачка соработка со ционистичкиот режим“, односно за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.

Според иранското правосудство, Шакараб бил дел од мрежа што наводно регрутирала луѓе за активности против безбедноста на државата и планирала саботажи. Властите соопштија дека смртната казна била потврдена од Врховниот суд пред да биде извршена.

Организациите Iran Human Rights и Hengaw остро ја осудија постапката и наведоа дека случајот бил воден без доволна транспарентност, дека на обвинетиот не му било овозможено слободно да избере адвокат и дека постои сомнеж оти признанието да било изнудено под притисок.

Иранските власти не објавија јавно достапни докази за наводите за шпионажа. Организациите за човекови права предупредуваат дека во Иран во последните години е забележан пораст на бројот на егзекуции поврзани со наводна соработка со Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран погуби поранешен ММА-борач осуден дека шпионирал…

Иран неделава го погубил поранешниот ММА борец Голамреза…

Петмина повредени во иранскиот напад врз американската…

Американскиот министер за војна Пит Хегсет изјави…

Ирански напад со балистички ракети врз американска…

Иранскиот балистички ракетен напад врз кувајтската воздухопловна…

Иран: Немаме намера да ги префрлиме резервите…

Иран нема намера да ги префрли своите…

Нетанјаху вети дека ќе ја зголеми контролата…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе…