Иран: Стармер ги става британските животи во опасност
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, се огласи откако британската влада одобри користење на воени бази во Велика Британија за извршување напади врз ирански ракетни локации кои напаѓаат бродови во Ормускиот теснец.
„Мнозинството од британскиот народ не сака да учествува во никаква израелско-американска војна против Иран. Игнорирајќи го сопствениот народ, г-дин Стармер ги става британските животи во опасност дозволувајќи британските бази да се користат за агресија против Иран. Иран ќе го искористи своето право на самоодбрана“, напиша Аракчи на Икс.
Британските министри се состанаа денес за да разговараат за војната со Иран и блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, според соопштението на Даунинг стрит.
„Тие потврдија дека договорот што им дозволува на САД да користат британски бази во колективната самоодбрана на регионот вклучува американски одбранбени операции за ослабување на ракетните локации и можност за напад на бродови во Ормускиот теснец“, се вели во соопштението, пренесуваат медиумите во регионот.
Премиерот Кир Стармер изјави оваа недела дека Велика Британија нема да биде вовлечена во војна со Иран. Тој првично го отфрли барањето на САД да користи британски бази за напад врз Иран, велејќи дека треба да биде сигурен дека секоја воена акција е легална.
Но, Стармер го смени курсот откако Иран ги нападна британските сојузници низ Блискиот Исток, велејќи дека САД би можеле да ги користат базите „Ферфорд“ и „Диего Гарсија“, американско-британска база во Индискиот Океан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Стармер ги става британските животи во…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…
БиХ и Хрватска реагираат со ограничувања и…
Цените на горивата растат и во Босна…
Скопјанка го пријавила сопругот дека ги тепа…
Млада скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот…
Виша сила: Ирак ги „заклучи“ нафтените полиња…
Светот е пред енергетски колапс! Во драматичен…
Си-Би-Ес: Пентагон подготвува копнена офанзива на Иран!
Она од што светот најмногу стравуваше, изгледа…