Објавено на:

Иранската револуционерна гарда објави дека возвратила на нападот на САД

t

По нападот на САД врз ирански воени цели во Ормускиот Теснец, Исламската револуционерна гарда на Иран соопшти дека одговорила со напад врз американски воени позиции во регионот, пренесува Ројтерс.

Без да даде дополнителни детали, Револуционерната гарда на Иран ги обвини САД за прекршување на мировниот договор и предупреди дека ќе одговори посилно на сите понатамошни напади од страна на американската војска.

„Спогодбата за прекин на огнот му дава на Иран контрола врз бродскиот сообраќај во Теснецот. Сепак, САД со провокација на разни фронтови се обидоа да го прекршат. Потребниот одговор е даден. Доколку агресијата се повтори, нашиот одговор ќе биде посилен“,

соопштија од Револуционерната гарда на Иран.
Претходно, Централната команда на војската на САД соопшти дека нејзините сили извршиле напади врз ирански воени цели околу Ормускиот Теснец како одговор на нападот на Техеран врз комерцијален брод во близина на клучниот воден пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чилеанец нападнат со тврд предмет во скопски…

Завчера пред полноќ државјанин на Чиле бил…

На денешен ден пред 35 години се…

На денешен ден пред 35 години, Словенија…

Возило на адвокатот Алиспахиќ запалено среде ноќ,…

По информацијата дека се запалени две возила,…

Температури до 38 степени, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло…