Иранската револуционерна гарда се закани со напади врз американски технолошки гиганти
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) најави дека од утре ќе започне со напади врз претставништвата на американските компании во регионот како одговор на воените дејствија против Иран.
Заканата е насочена кон 18 големи корпорации вклучени во списокот на ИРГК, меѓу кои се „Мајкрософт“, „Гугл“, „Епл“, „IBM“, „Тесла“ и „Боинг“. Во соопштението се наведува дека овие компании треба да очекуваат уништување на нивните претставништва како одговор на секој „терористички акт“ насочен против Иран.
Според најавата на Гардата, нападите е планирано да започнат утре, 1 април, во вечерните часови по локално време. Овој потег дополнително ги зголемува тензиите во регионалниот конфликт кој веќе влегува во својот втор месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранската револуционерна гарда се закани со напади…
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК)…
Трамп кажа дека Франција е бескорисна откако…
Емануел Макрон кажа дека е изненаден од…
(Видео) Директорот на српската полиција вели: Некој…
Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ вечерва изјави…
Зеленски: Долгата војна во Иран е од…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Аксиос…
Народен правобранител: МВР и центрите за социјални…
Институционални пропусти во случаи на фемицид и…