Објавено на:

Иранскиот министер Аракчи: Трамп нема право да ни каже да нѐ возвраќаме, имаме право да се браниме

t

Во однос на можноста за дипломатско решение со САД, израелскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Иран двапати преговарал со Вашингтон во изминатата година и дека во двата случаи бил нападнат среде преговорите, што оставило „горчливо искуство“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави денеска за „Еј-би-си њуз“ дека ниеден светски лидер нема право да му кажува на Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД, откако беше запрашан за објавата на претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи, во која тој порача дека Иран не треба да презема одмазднички мерки.

Трамп рано во неделата напиша: „Иран штотуку изјави дека денес ќе удри многу силно, посилно од кога било досега. Подобро да не го сторат тоа, бидејќи, ако го сторат, ние ќе ги погодиме со сила каква што досега не е видена!“

– Не мислам дека кој било лидер има право да го каже тоа. Ние се браниме и имаме целосно, легитимно право на самоодбрана. Тоа што го правиме е чин на самоодбрана. Постои огромна разлика меѓу двете работи – изјави Арагчи.

Тој додаде дека ако некој треба да биде предупреден, тоа е претседателот на САД да не напаѓа и да не врши агресија врз друга земја.

– Никој не може да ни каже дека немаме право да се браниме. Ќе се браниме со сè што е потребно и не гледаме граница кога станува збор за заштита на нашиот народ – рече Арагчи.

На прашањето колкава штета претрпела иранската воена инфраструктура, тој призна дека загинале неколку команданти, чии имиња веќе биле објавени, но тврди дека тоа не ја намалило воената способност на земјата. Според него, Иран реагирал побрзо отколку за време на 12-дневниот конфликт со Израел во 2025 година и е подобро подготвен и поопремен од претходно.

Во однос на можноста за дипломатско решение со САД, Арагчи изјави дека Иран двапати преговарал со Вашингтон во изминатата година и дека во двата случаи бил нападнат среде преговорите, што оставило „горчливо искуство“. Тој посочи дека во јуни, пред израелскиот напад, преговорите со посредство на Оман напредувале и договорот бил блиску, но, како што рече, противниците на дипломатијата ја саботирале можноста за договор, ширејќи, според него, лажни информации и убедувајќи го Трамп да изврши „непредизвикан и неоправдан“ напад.

Арагчи изјави и дека во Иран се спроведуваат процедурите за транзициски совет и избор на нов врховен лидер. Во врска со протестите во земјата, тој ги оспори високите бројки за жртви и тврдеше дека по првичните легални протести земјата се соочила со „терористичка операција“, при што вооружени групи пукале и врз безбедносните сили и врз цивили, со цел да го зголемат бројот на жртви и да предизвикаат странска интервенција.

За овие тврдења не беа презентирани докази.

На прашањето за реакциите на граѓани кои славеле по смртта на ајатолахот Хамнеи, Арагчи не даде директен одговор, повторно обвинувајќи го Израел за вмешаност во насилствата за време на протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот министер Аракчи: Трамп нема право да…

Во однос на можноста за дипломатско решение…

Израел со нов бран напади: Војската тврди…

Портпаролот на израелската војска изјави дека посочи…

Ормут е затворен – цената на нафтата…

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец – низ кој…

Трамп: Нападите врз Иран може да траат…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воените…

Вучиќ: Започнува нова ера во која меѓународното…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не…