Исплатена платата на вработените во Пошта!

t

Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до медиумите информира дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени.

– Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и работењето на АД „Пошта“. АД „Пошта“ се наоѓа во ситуација во која ние како Синдикат даваме целосна поддршка во процесот на реформирање на претпријатието со изготвување нова систематизација со цел АД „Пошта“ да се издигне на ниво на конкурентен давател на услуги на пазарот – велат од Синдикатот на „Македонска пошта“.

Додаваат дека и во наредниот период целосно ќе застанат во одбрана на правата на вработените и постигнување ефективен договор со манџерскиот тим за почитување на трудот на поштенските работници.

– Сметаме дека отворен дијалог со сите засегнати страни е единственото решение да ги оствариме правата на вработените во АД „Пошта“, а претпријатето да ја постигне својата цел како државен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај – потенцираат од Синдикатот на „Македонска пошта“.

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираа, заедно со Сојузот на синдикати на Македонија, протестот беше мотивиран бидејќи во цела држава платата, иако е 23 јануари, се уште не им е исплатена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исплатена платата на вработените во Пошта!

Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до…

Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари…

Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата…

Владата ќе донира 100 нови комби возила…

Работиме за Македонска пошта како државна пошта…

ССМ: Бараме раст на платите веднаш!

На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…

Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…

„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…