Истрагата за Артан Груби е завршена, чекаме само негова екстрадиција – вели Коцевски
Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција, рече вечерва републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Тој вели дека сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но и оти нема информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.
За констатацијата во извештајот на Европската комисија за земјава дека „корупцијата останува распространета во многу области и е прашање за сериозна загриженост“, Коцевски вели дека за борба против оваа појава треба да се создадат услови што значи дека се потребни истражители, истражни центри и форензичари кои ќе можат тоа да го работат.
На прашањето дали Јавното обвинителство го дава максимумот во борбата против корупцијата, имајќи ги предвид ваквите наводи во документот од ЕК, Коцевски одговара:
„Обвинителството дава повеќе од максимум. Верувајте, затоа што еве, и јавноста знае со какви предмети се соочуваме, со каков вид на висока корупција се соочуваме…“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрагата за Артан Груби е завршена, чекаме…
Истрагата во која е осомничен поранешниот прв…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…