Италија заплени 770 килограми кокаин во пакети за банани со српско знаме
Припадници на италијанската полиција запленија пакети со речиси 800 килограми кокаин со знамето на Србија, објави денеска италијанската финансиска полиција, пренесуваат италијанските медиуми.
Во соопштението се наведува дека во пристаништето во градот Вадо Лигуре во северозападна Италија се идентификувани 650 блокови наркотици, со вкупна тежина од над 770 килограми, за кои прелиминарните тестирања утврдиле дека станува збор за кокаин со висока чистота.
Италијанската финансиска полиција објави видео на кое се гледа знамето на Србија на пакетите. Во соопштението не се наведува за кого била наменета испораката на кокаин.
Финансиската полиција не наведува дали знамето на Србија укажува на врски со криминални групи во Србија, ниту дали се уапсени српски државјани.
Претпратката со дрога, според соопштението, била вешто скриена меѓу меѓу десетици палети со банани во ладилник што пристигнал од пристаниште во Еквадор.
Операцијата е резултат на напорите насочени кон трговските патишта што ја поврзуваат Јужна Америка со пристаништето Вадо Лигуре, за кое се вели дека е сè поважен центар за европските трговски текови и, следствено, привлечна цел за нелегални трговски активности.
Според италијанската финансиска полиција, заплената на речиси 800 килограми кокаин е меѓу најзначајните операции против дрога спроведени во пристаништето Вадо во последните години.
Италијанската полиција проценува дека малопродажната вредност на запленетиот кокаин е околу 250 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија заплени 770 килограми кокаин во пакети…
Припадници на италијанската полиција запленија пакети со…
Осуден е италијанскиот директор по чија вина…
Поранешниот директор на италијанската компанија за автопати…
Мелони ја мина првата пречка за контроверзната…
Долниот дом на италијанскиот парламент денеска го…
Италија предлага железничка линија Трст-Белград
Идејата за воспоставување железничка линија меѓу Трст…
Италија протера двајца руски дипломати обвинети за…
Италија нареди протерување на двајца руски воени…