ИЈЗ со препораки како да не се прејадете и препиете за Нова година
Институтот за јавно здравје објави препораки за Нова Година и претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника. Празниците се период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана. Прославите се одвиваат во доцните вечерни и ноќни часови, а внесот на храна е зголемен, енергетски богат и често нутритивно небалансиран. Иако овие навики најчесто се перцепираат како привремени, нивното повторување во континуитет може да има значајни негативни ефекти врз здравјето, велат од ИЈЗ.
Препораките од ИЈЗ се да се планира времето на последниот оброк, да биде 3-4 часа пред легнување и доцното јадење да не стане секојдневна навика. При доцните оброци треба да се ограничува масна, пржена и силно зачинета храна, да се избегнува комбинирање на повеќе калорични јадења во еден доцен оброк и да се внимава на големината на порциите.
По конзумирање на доцен оброк, да не се легнува веднаш, туку да се остави време за иницијална дигестија.
По можност, по доцен оброк да се практикува кратка прошетка. Во деновите помеѓу празничните прослави да се одржува редовен дневен распоред на оброци со што се придонесува кон стабилизирање на метаболичкиот ритам. Лицата со гастроинтестинални, метаболни и кардиоваскуларни болести да бидат особено внимателни за времето и составот на вечерниот оброк.
ИЈЗ велат дека по завршувањето на празничниот период треба да се избегнува продолжување на навиката за доцно јадење за да се воспостават и одржат здрави навики кои се одржливи.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ со препораки како да не се…
Институтот за јавно здравје објави препораки за…
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго…
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго…
Македонија се соочува со раст на ХИВ/СИДА…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави податоци…
Утре ќе се знаат првичните информации за…
Првичните информации за причините за стомачните тегоби…
ИЈЗ со препораки за населението во поплавените…
Институтот за јавно здравје вечерва излезе со…