Калајџиев: „“Sид на срамот” е импровизација, си играте играчки!
„Постојат процедури како се стекнува магистратура и докторат (или учебник и сл. ). Така постои и процедура за утврдување на плагијат и сл. “Sид на срамот” е импровизација. Не постои тело кое е квалификувано за такво нешто! Си играте играчки!“, напиша Калајџиев.
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев преку социјалните мрежи реагира на најавата на министерката за образование Весна Јаневска дека преку т.н. „ѕид на срамот“, јавно ќе се објавуваат плагијатите од дипломски до магистерски трудови.
Тој на својот фб профил напиша
„Постојат процедури како се стекнува магистратура и докторат (или учебник и сл. ). Така постои и процедура за утврдување на плагијат и сл. “Sид на срамот” е импровизација. Не постои тело кое е квалификувано за такво нешто! Си играте играчки!“, напиша Калајџиев.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на брифинг со новинарите рече дека софтверот Плагијати.мк, е застарен, а во план е догодина да се воведе т.н. „ѕид на срамот“, на кој јавно ќе се објавуваат плагијатите од дипломски до магистерски трудови.
Со новиот Закон за високо образование, и по изборот во редовно звање, професорите по шест години повторно ќе мора да поминат низ изборна постапка, а дури потоа ќе стекнат трајно вработување. Ова е една од новините која ја најави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешниот брифинг со новинарите. Законот ќе биде деновиве објавен на ЕНЕР. Јаневска најави и дека догодина ќе се заостри борбата против плагијаторството.
„И мене како професор би ми било срам да ставам потпис на нешто што не вреди“, коментираше Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: „“Sид на срамот” е импровизација, си…
„Постојат процедури како се стекнува магистратура и…
Министерството за одбрана на Русија: активиран ракетниот…
Русија ја активираше употребата на ракетниот систем…
Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија…
Владата го усвои предлог законот за Јавно…
Владата на седница го усвои новиот закон…
Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси,…