Калајџиев за „Сејф сити“: Се чувствувам како Големиот брат да нè лови по улици

t

Универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калајџиев со свој став за имплементацијата на системот „Безбеден град“ кој треба да воспостави ред во сообраќајот низ државата. Смета дека преку системот се нарушува приватноста на граѓаните.

„Гледам главно позитивни реакции на „Безбеден град“. Јас лично се чувствувам како Големиот брат да нè лови по улици. Пс. Прво почна да нè слуша, да не следи.. Ништо не остана од приватноста…“, објави Калајџиев.

Министерот Панче Тошковски вчера појасни дека претходно на територија на СВР Скопје имало 424 повредни лица во рамки на сообраќајни незгодни, а во последните два месеци имаме 288 лица.

„За 32% имаме намалување на бројот на повредни лица на територија на СВР Скопје. Од аспект на загинати лица претходно имаме 11 смртни случаи, а последните два месеци имаме четири, односно 64% помалку. Самата бројка од 120.000 на прекршоци на 500 прекршоци навистина е неспоредлива и тоа како заслужува да бидеме горди како граѓани сите затоа што резултатите првични од овие два дена навистина наговестуваат дена со овој проект имаме надеж која е видлива и безбедноста ќе ја поткренеме на повисоко ниво“, заклучи првиот полицаец во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ