Камион излета во провалија кај Деве Баир, возачот загина на лице место
Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узем.
На 21 јануари 2026 година, околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата се утврдуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камион излета во провалија кај Деве Баир,…
Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се…
Тешка сообраќајна несреќа кај Македонски Брод –…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне…
Во Тетово прегазена 73-годишна жена од скопско…
МВР информира дека вчера попладне во 14:00…
Обвинение за мажот и жената кои помогнаа…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против…
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко…
Синоќа во полицијата било пријавено дека на…