Канада интензивно ископува руда за да има храна на масата: Канадската инвестиција во Иловица со години е блокирана

t

Канада интензивно ископува критични минерали и ги снабдува партнерските држави со рудите неопходни во најзначајните индустрии. Од друга страна, кај нас нов рудник се нема отворено со децении, а притоа и инвестициите во оваа гранка се во застој. Зад една од нив стои токму канадската компанија „Еуромакс Ресоурцес“, чиј проект за рудник за критичниот минерал бакар во Иловица сѐ уште не е реализиран. Додека канадските власти сметаат дека со експлоатацијата на критичните минерали ја прават државата посилна, во Македонија активисти се закануваат дека нема да дозволат отворање на нови рудници, меѓу кои и Иловица, и покрај фактот дека проектите ги исполнуваат сите стандарди, објави Плусинфо.

Канадскиот премиер Марк Карни, при неодамнешната посета на САД, потенцира дека само во последната година се потпишани 56 нови договори за критични минерали со повеќе од десет земји. Договорите, како што тој додаде, се во вредност од 18 милијарди долари, а со тоа се намалува зависноста од трети страни во синџирот на снабдување.

– Во период на глобална енергетска криза, Канада ги обезбедува Соединетите Американски Држави со енергија, со критични минерали кои помагаат да се засили американскиот раст… Кај критичните минерали, со нашите капацитети на никел, бакар, ураниум, литиум, кобалт и други, Канада може да биде најсигурниот доставувач кој ѝ е потребен на Америка за да стави храна на масата, да ја зајакне националната одбрана и да може да одговори на експлозивната побарувачка за одржување на вештачката интелигенција – изјави Карни.

Според канадскиот премиер, критичните минерали се клучен елемент во постигнувањето на стратешката автономија на една држава.

– Една од нашите суштински цели за да ги потпишеме овие партнерства е за да имаме пристап до пазарите, но исто така е и поради зголемување на нашата стратешка автономија. Сите живееме во свет во кој интеграцијата се користи како оружје, тука мислам на критичните минерали. Земја којашто не може да се храни, снабдува со енергенси или брани самата себе, значи дека не е баш суверена. Стратешката автономија денес означува градења на партнерства, како и капацитети преку вештачката интелигенција, финансиските исплати, критичните минерали и чистата енергија – додаде премиерот Карни.

Надеж дека Македонија ќе фати чекор во светската трка за критични минерали даваат најавените закони за рударство и геологија, кои ја препознаваат важноста на рударската индустрија во денешно време. Дополнително, најновата Фискална стратегија 2027-2031 година, предвидува зголемување на издадените концесии за геолошки истражувања и за експлоатација на суровини, ставајќи акцент на фактот дека рударството придонесува за економската стабилност на една држава. Инвеститорот во Иловица го најави рудникот како најголема странска гринфилд инвестиција во нашата држава и само во првите две години, односно првата фаза на изградба на рударскиот комплекс ќе се реализира почетна инвестиција од над 340 милиони евра, што значително ќе влијае и на растот на БДП. Властите изготвија и Акциски план за минерални суровини, во кој се препорачува Македонија да фати чекор со активностите во ЕУ, да го зајакне и европскиот пристап до метали и минерални суровини. Една од овие активности, како што се додава, е започнувањето на Европско иновативно партнерство за суровини, во кое Македонија треба активно да се вклучи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада интензивно ископува руда за да има…

Канада интензивно ископува критични минерали и ги…

Новата фискална стратегија ги охрабрува инвестициите како…

Надлежните најавуваат дека идниов период ќе се…

„Иловица-Штука“ крие над 410 илјади тони бакар

Рудниот потенцијал на „Иловица-Штука“ повторно ја отвора…

САД најавуваат нови царини кон Канада и…

Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…

Светот се бори за бакар, Македонија има…

Падот на индустриското производство и намалувањето на…