Кандидатот на Додик за премиер на Република Српска најави нова влада следната недела
Кандидатот за нов премиер на Република Српска, кого како мандатар го предложи сменетиот претседател на ентитетот Милорад Додик, најави дека ќе формира нова влада најдоцна следната недела и очекува брзо одобрување во ентитетскиот парламент, пренесува Вечерњи лист.
Саво Миниќ, досегашен министер за земјоделство, по консултациите со коалициските партнери предводени од СНСД изјави дека ќе ја продолжи досегашната политика и најави „одлучна борба“ за опстанок на РС, вклучително и референдум во октомври на кој инсистира Додик.
Неговото именување уследи иако Судот на БиХ на 18 август ја потврди одлуката со која на Додик му е одземен мандатот поради правосилна казна од една година затвор за непочитување одлуки на високиот мешународен претставник во земјата.
Иако новата влада би можела да смета на парламентарно мнозинство, таа би била противуставна бидејќи според Уставот на РС, мандатар може да предложи само претседателот на ентитетот – функција која е испразнета по смената на Додик.
Со одбивањето на Додик да ја напушти претседателската функција и со назначувањето на Миниќ, РС фактички влезе во состојба на правен хаос, пишуваат регионалните медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот на Додик за премиер на Република…
Кандидатот за нов премиер на Република Српска,…
Трамп: Конфликтот во Украина е финансиран од…
Трошоците од конфликтот во Украина ќе бидат…
До 18 часот, нема активни пожари на…
Вкупно 10 пожари на отворен простор се…
Семејна драма во Скопје: татко пријавил дека…
65-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека…
Адвокатот на разрешената директорка од Демир Хисар:…
Драмата во Демир Хисар продолжува, адвокатот на…