Објавено на:

Канје Вест доби забрана за влез во Велика Британија поради антисемитски изјави, раперот ѝ се извини на еврејската заедница

t

Популарниот музички фестивал „Вајрлес“ во Лондон е откажан откако на раперот Канје Вест, познат и како Је, му беше забранет влез во Велика Британија, пренесува британската новинска агенција „ПА медиа“, а пренесе Си-ен-ен.

Најавата дека Вест ќе биде главна ѕвезда на фестивалот „Вајрлес“ предизвика остри реакции од еврејски организации и политичари, поради неговите контроверзни и чести антисемитски изјави во последните години.

Поради негативниот одзив, главните спонзори, меѓу кои „Пепси“ и „Дијагео“, се повлекоа од настанот, кој требаше да се одржи од 10 до 12 јули. Одлуката ја критикуваше и британскиот премиер Кир Стармер, кој ангажманот на Вест го оцени како „длабоко загрижувачки“.

По забраната за влез, организаторот „Фестивал Репаблик“ соопшти дека фестивалот се откажува.

„Фестивалот ‘Wireless’ е откажан и на сите купувачи ќе им биде вратен парите“, стои во соопштението.

Во него се додава дека антисемитизмот во сите негови форми е одвратен, а самиот Вест, според нив, изразил желба да започне дијалог со еврејската заедница во Велика Британија.

Раперот претходно изјави дека сака да дојде во Лондон и да одржи настап кој ќе симболизира промена, промовирајќи единство, мир и љубов преку музиката.

Контроверзиите околу него се резултат на низа скандалозни изјави, меѓу кои и јавно изразување поддршка за нацизмот, како и продажба на маици со свастика преку неговиот бренд. Поради ваквите постапки, многу компании, вклучително и „Адидас“, ја прекинаа соработката со него.

Организацијата „Кампања против антисемитизам“ ја поздрави одлуката на британските власти, оценувајќи дека таа е во интерес на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канје Вест доби забрана за влез во…

Популарниот музички фестивал „Вајрлес“ во Лондон е…

Израел оштети синагога во Техеран: Жалиме за…

Израелската војска изрази жалење откако синагога во…

Нови закани во ескалацијата: Иран ги посочи…

Гасните полиња Кариш и Танин, лоцирани покрај…

Македонија Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува…

За прв пат во историјата: Објавена е…

Белата куќа ја објави првата фотографија направена…