Карни: Стојам зад говорот во Давос, тоа му го кажав и на Трамп
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека целосно стои зад својот говор одржан во Давос, во кој зборуваше за „неконтролираните суперсили“ и распадот на повоениот светски поредок, отфрлајќи ги тврдењата дека ги повлекол своите изјави во разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Да бидам апсолутно јасен, го мислев на она што го кажав во Давос и тоа му го реков и на претседателот“, изјави Карни пред новинарите во Отава, потврдувајќи дека двајцата имале телефонски разговор.
Неговата реакција следи откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави за Фокс Њуз дека Карни „многу агресивно ги повлекувал“ спорните забелешки за време на разговорот со Трамп.
Карни ја демантираше таа верзија на настаните, наведувајќи дека разговорот со Трамп бил „многу добар и конструктивен“, иако имало очигледни разлики во ставовите. Тој посочи дека со американскиот претседател разговарале за Украина, Венецуела, безбедноста на Арктикот, како и за неодамнешниот трговски договор меѓу Канада и Кина.
Двајцата лидери, според Карни, се осврнале и на договорот USMCA, трговскиот пакт меѓу Канада, САД и Мексико, кој треба задолжително да се ревидира подоцна оваа година. Премиерот нагласи дека неговиот говор во Давос бил јасен сигнал дека „Канада прва ја препознала промената во американската трговска политика иницирана од Трамп и навреме реагирала“.
Трамп претходно ѝ се закани на Канада со воведување 100-процентни царини доколку, како што рече, дозволи кинески стоки да влегуваат во САД преку канадска територија. Карни оцени дека ваквите изјави треба да се гледаат како дел од поширока преговарачка стратегија.
„Претседателот е силен преговарач. Мислам дека дел од овие изјави и позиции треба да се разберат во тој контекст“, рече Карни.
Карни го привлече вниманието на светската јавност со говорот на Светскиот економски форум во Давос, во кој зборуваше за слабеењето на меѓународниот поредок заснован на правила и предупреди дека големите сили сè почесто дејствуваат без ограничувања.
Иако не го спомена директно Трамп, неговите забелешки беа протолкувани како индиректна критика кон американската политика.
Трамп одговори наредниот ден, исто така во Давос, изјавувајќи дека „Канада живее благодарение на Соединетите Американски Држави“, со што дополнително ја засили јавната дебата меѓу двајцата лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карни: Стојам зад говорот во Давос, тоа…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека целосно…
Мицкоски контра Николоски: 450 камиони од Македонија…
„450 камиони од Македонија не може да…
Државната ревизија потврди илјадници бесправни градби во…
Граѓанската иницијатива Охрид СОС соопшти дека најновиот…
Мицкоски за предвремени избори: Не знам зошто…
Пред неколку недели за време на емисијата…
Ново пукање во САД: Граничната патрола застрела…
Едно лице е застрелано наутро по локално…