Кибритен напад: Горење на кабли во Маџари предизвика ширење на густ црн чад
Во скопската населба Маџари, во близина на црквата позади железничките пруги, денеска е пријавено горење кабли, при што се создава густ црн чад што се шири во околината.
Како што е пријавено на бројот за итни случаи 112, лице на локацијата пали кабли, по што надлежните служби веднаш реагирале.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се интервенира и да се утврдат околностите.
Засега нема информации за повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по интервенцијата на надлежните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кибритен напад: Горење на кабли во Маџари…
Во скопската населба Маџари, во близина на…
Стојанче Јовановски останува во притвор, се проверуваат…
Стојанче Јовановски останува во притвор дополнителни 48…
Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости,…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската…
Сопственикот на „Пулс“ се жалел на душекот…
Со првообвинетиот за пожарот во т.н. кабаре…
Пријавил дека има поставена бомба, за да…
Р.Б. од Кичево е лишен од слобода…