Киев: Москва стои зад нападот врз автобусот со белоруски фудбалери
Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека поседува интерни руски документи кои, според нивните тврдења, покажуваат дека украинските сили не стојат зад нападот со дрон врз автобус со белоруски цивили во руската Брјанска област.
Според СБУ, во извештај на рускиот систем „Безбеден регион“ е наведено дека во моментот на нападот во Почепскиот округ не биле регистрирани украински беспилотни летала. Украинската служба тврди дека истото го потврдиле и руски воени лица задолжени за радарски надзор во областа.
Од СБУ оценуваат дека станува збор за „операција на руските специјални служби“, отфрлајќи ја одговорноста за инцидентот во кој, според руските власти, загина една жена, а беа повредени седум лица, меѓу кои и пет деца.
Русија претходно ја обвини Украина дека со дрон го нападнала автобусот кој превезувал белоруски младински фудбалски тим од Гомељ кон црноморското одморалиште Геленџик. Москва отвори истрага за тероризам, а руското Министерство за надворешни работи нападот го нарече „монструозно злосторство“.
Белорусија, пак, му врати протестна нота на украинскиот отправник во Минск и побара итна истрага за случајот. Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини Украина за нападот, тврдејќи дека употребениот дрон бил од украинско потекло.
Во меѓувреме, Киев предупредува дека Москва се обидува дополнително да ја вовлече Белорусија во војната. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските разузнавачки служби регистрирале нови контакти меѓу Кремљ и белоруското раководство со цел продлабочување на белоруското учество во конфликтот.
Инцидентот предизвика нова размена на обвинувања меѓу Москва и Киев, додека околностите под кои бил погоден автобусот сè уште остануваат предмет на спротивставени тврдења од двете страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Киев: Москва стои зад нападот врз автобусот…
Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека…
Хакер упадна во системот на ФИФА, ги…
Додека се игра најголемото Светско првенство во…
Следува пеколно топло лето во Европа: Суши,…
Европа влегува во летото 2026 година со…
Три девојки отишле да возат четирицикл на…
Три девојки, на возраст од 18 до…
Ќе има построги правила и повисока старосна…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени…