Километарски колони на „Евзони“: За влез во Грција се чека и до четири часа
Голем сообраќаен метеж утрово е забележан на граничниот премин „Евзони“ при влез во Грција, каде се формирани долги колони, а дел од патниците чекаат и до четири часа за да ја минат границата.
Задржувањата се на грчката страна од преминот. Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги чекања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, додека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од одрони.
Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ потсетува и дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите возила со вкупна маса до 3,5 тони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Километарски колони на „Евзони“: За влез во…
Голем сообраќаен метеж утрово е забележан на…
Мбапе го престигна Меси: Стана најдобар стрелец…
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола…
Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат…
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на…
Германско-француски тандем во трка со времето
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател…
Најмногу дожд наврнал во Берово
За изминатите 24 часа до 8 часот…