Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по основ лице без приходи
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски истакнува дека системот во земјава е инклузивен, сеопфатен и насочен кон тоа ниту еден граѓанин да не остане без здравствено осигурување. Тој посочува дека државата, како социјална, обезбедува покривање и за лицата без приходи, додека истовремено се спроведуваат повеќе реформи за унапредување и модернизација на системот.
„Системот на здравствено осигурување е вклучителен и сеопфатен
Македонија е социјална држава и приоритет е ниту еден граѓанин да не биде оставен без здравствено осигурување.
Во моментов, во државата има 1.836.667 осигуреници. Дури 470.774 лица или секој четврти граѓанин (25%) се осигурани по основ „лица без приходи“. За сите оние кои не можат да се осигураат по ниеден друг основ, државата целосно ги покрива трошоците преку програма на Министерството за здравство.
Три промени во тек
Фонд за здравствено осигурување Македонија и други институции работат на унапредување на системот преку три процеси:
-Правични критериуми: Заедно со МФ, МЗ и УЈП, ги дефинираме критериумите за лицата без приходи, со посебен фокус на оние кои останале без работа и спречување на злоупотреби од „сивата економија“.
-Грижа за најмладите: Во соработка со УНИЦЕФ, се анализираат можностите за независно здравствено осигурување за сите деца до 18 години.
-Модернизација на пазарот на труд: МСПДМ подготвува ново законско решение за опфат на лицата со флексибилни форми на работен ангажман.
Остануваме посветени на пристапен и правичен здравствен систем, базиран на реални анализи и одржливи решенија“, вели Клековски. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по…
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо…
Израелци ја упаднаа џамијата „Ал Акса“ во…
Израелски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата…
(Видео) Американски специјалци во акција: Нападнаа „ничиј…
Операцијата е спроведена во Индо-пацифичкиот регион, а…
Мицкоски со владина делегација во Австрија: во…
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со…
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка во МРТ
Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка…