Комеморација за Лазе Манасков в среда во Драмскиот театар во Скопје

t

Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67 години, е денеска на Градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат во капелата од 11:30 до 12:30 часот, соопштија од Драмскиот театар од Скопје, кој беше негова матична куќа. Комеморација во негова чест ќе се одржи во Драмски, на 24 декември во 12 часот.

Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022.

Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасков оствари плодна кариера и на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комеморација за Лазе Манасков в среда во…

Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина…

Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е прв од најзагадените градови…

Скопје утрово е трет најзагаден град во…

Скопје и утрово е трет најзагаден град…

В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада…

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на…