Конгресот на СДСМ ќе разгледува нова идеолошка платформа и програмска рамка – Уставните измени кои секојдневно ги зборува Филипче ги нема во ниту еден од документите

t

Два документи со исто лого -“Твоја држава, твоја шанса” денеска Венко Филипче ќе промовира пред делегатите на Конгресот на СДСМ, од кои на крајот би требало да произлезе еден документ, пренесе ТВ24.

ТВ24 дошла до двата документи кои поминаа на ЦО на СДСМ и за кои денеска делегатите на Конгресот ќе дебатираат поделени во групи, под медијаторство на дел од раководството. 

Иако стратегијата на Филипче изминатиов период се темели на итни уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, тие (уставните измени) не ги пишува во ниеден докумет .

Во едниот се нагласува забрзано членство во ЕУ, а во другиот стои дека јазикот е црвената линија, итно исполнување на обврските од  кластерот фундаменти, но не и уставни измени.

И во двете програми на повеќе места се нагласува придавката “радикална” за правда, транспарентност, еднаквост.

Според ТВ24, идејата на Али Ахмети за ветинг на функионерите од 1991 е дел од двата документи, како и ветинг на судиите, нема детали дали се мисли на истата идеја од 2016 кога пред избори  СДСМ ветуваше реизбор на судиите кој подоцна не се случи.

Она што е интересно е дека во едниот документ се предвидува формирање на посебна агенција за криминал и корупција на функционерите, нешто што многу потсетува на поранешното СЈО, но во вториот тоа го нема, но затоа во двата стои дека треба да се формира еколошко СЈО. 

Во двете програми значителен дел се посветува на како што пишува  еднаквоста каде се потенцира “итно носење на законот за родова еднаквост, но закон за матична евиденција усогласен со ЕУ и” механизми против  антиродова пропаганда”.

Од економските мерки во двата документи  стои мимимална плата но без минимален износ. Во едниот документ само се нотира дека ќе биде загарантирана, додека во другиот се посветува повеќе внимание па законот се врзува со потрошувачката кошничка и инфлацијата. Интересно е дека во една од програмите  СДСМ откако го воведе и по нешто повеќе од година во Владата на Зоран Заев го укина, повторно најавува прогресивен данок, во другиот документ пак стои “данок на луксуз”. Место Филипче нашол и за модифициран проект за млади брачни парови по теркот на “Купи куќа,купи стан” од Владата на Никола Груевски.

“Македонија газда на струјата” стои во двете програми, но и “крај на партиските фирми, струјата ја управуваат професионалци”

Се предвидуваат субвенции за млади претприемачи, повисоки плати и пебзии, дури и пари , грант од 10 000 евра  за враќање на младите од странство “за живот или почнување бизнис”, оваа мерка е крстена “кеш за враќање дома” и ја има само во едниот документ.

Филипче не ги заборавил ниту медиумите , па едниот документ под називот “Слободни медиуми” најавува формирање државен систем за мониторинг и реакција за фејкњуз, додека во другиот под насловот “Вистина, а не пропаганда” предвидува како и во другиот документ регистар на онлајн портали и “енормни казни за свесно ширење на фејкњуз”

СДСМ и во двете програми ветува социјална правда, инвестиции во здравството,задржување на лекарите во Македонија, инвестиции во образованието, земјоделството, сточарството, безбедноста и НАТО,  дигитализација, е-услуги….

На делегатите им е кажано на Конгресот да дојдат со писмени  забелешки за двата документи.

Дел од нив очекуваат нивните забелешки да станат дел од програмата, а не само да бидат констатирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгресот на СДСМ ќе разгледува нова идеолошка…

Два документи со исто лого -"Твоја држава,…

Мнозинството Британци не сакаат укинување на правилата…

Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги…

Палестинец уапсен во Грција: Осомничен е дека…

Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит,…

Избори во Ерменија, се бира нов парламентарен…

Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори…

Богоев нуди гаранција од 60 илјади евра…

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев,…