Корупциски скандал ја тресе Албанија: Тројца поранешни службеници обвинети за перење пари
Специјалното обвинителство во Албанија ќе поднесе обвиненија против тројца поранешни службеници во Министерството за финансии. Тие се обвинети за злоупотреба на службена должност, кражба преку злоупотреба на службена должност и за перење пари, објави „Балкан веб“.
Истрагите покажуваат дека тие купувале земјиште и го издавале под наем на компанијата „Банкерс“ по високи цени за кирија.
Случајот беше отфрлен од обвинителството во Фиер и повторно отворен од албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), додека истрагите за аферата „Банкерс“ продолжуваат.
Инаку, аферата „Бенкерс“ е голем корупциски и финансиски скандал поврзан со компанијата „Бенкерс“, во кој се сомничи дека преку сложени шеми со ДДВ, прикривање приходи и преку прикажување фиктивни загуби, биле избегнати даночни обврски и остварени милионски незаконски добивки.
Истрагата, водена од СПАК, опфаќа не само поранешни функционери на компанијата, туку и службеници од даночната и царинската администрација, како и други институции, кои наводно со години дозволувале или не спречувале злоупотреби.
Се испитуваат кривични дела како перење пари, злоупотреба на службена должност, корупција и делување како организирана криминална група, при што штетата се проценува на десетици милиони евра, а целта на истрагата е да се утврди одговорноста низ целиот институционален синџир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Корупциски скандал ја тресе Албанија: Тројца поранешни…
Специјалното обвинителство во Албанија ќе поднесе обвиненија…
Турција ѝ донирала на Албанија 50 дронови…
Системот е дизајниран за прецизни напади врз…
Вучиќ и Рама со нов предлог до…
Во заеднички авторски текст за „Франкфуртер алгемајне…
Венгу: Неоправдана паника на Белград околу заедничката…
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу денес…
Протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз…
Во Албанија се одржа нов антивладин протест,…