Косовското собрание одлучи да испрати безбедносни сили во Газа
Косовското собрание одлучи да ги испрати Косовските безбедносни сили (КБС) надвор од земјата, како дел од Меѓународните сили за стабилизација во Газа, објави „Бета“.
Одлуката беше усвоена со 89 гласови „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан.
Министерот за одбрана Ејуп Македонијанчи изјави дека испраќањето косовски војници во вакви операции гради доверба со меѓународните сојузници.
„Распоредувањето на силите во оваа мисија вклучува учество на персоналот на КБС во рамките на обединетата команда на Меѓународните сили за стабилизација, чија мисија е да ја поддржи имплементацијата на сеопфатен план за прекин на конфликтот во Газа, секогаш потпирајќи се на мандатот на Меѓународните сили за стабилизација“, рече тој.
Косовското собрание денес го усвои и во прво читање Предлог-законот за Државниот завод за верификација и конфискација на нелегално стекнат имот.
Министерката за правда Доника Гервала изјави дека предлог-законот ја штити правдата за оние кои стекнале имот легално и не ги загрозува граѓаните.
Опозициските партии Демократски сојуз и Демократска партија на Косово побараа измени на предлог-законот, наведувајќи дека ќе го поддржат само со предложените измени.
81 пратеник гласаа за предлог-законот, додека 25 беа воздржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовското собрание одлучи да испрати безбедносни сили…
Косовското собрание одлучи да ги испрати Косовските…
Здравковски: Нормално е во кризни состојби да…
Пратеникот Игор Здравковски во емисијата Бизнис21 на…
Ројтерс: САД и Иран чекор до договор…
САД и Иран се на чекор до…
Началникот на белгиската армија: До 2030 година…
Европа очекува војната во Украина да заврши…
Беџети- Тие што мислат дека ќе владеат…
Пратеникот од ДУИ екс градонашалник на општина…