Костадиновски со остра порака до политичарите – „Престанете со притисоците, ние сме тврдина на Уставот!“

t

„Нервозата кај политичарите значи дека сме на прав пат“. Ова е клучната порака на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, кој на годишната прес-конференција откри дека 2025 година била година на рекордни 306 предмети, но и година на силни притисоци и обиди за влијание врз судиите.

Костадиновски направи пресек на годината која ја оцени како историска за уставното судство, нагласувајќи дека Судот излегол од комфорната зона и покажал невиден „судски активизам“.

Довербата во институцијата расте, а доказ за тоа се бројките:

Оформени се рекордни 306 предмети (најмногу досега).
Дури 271 иницијатива се поднесени директно од граѓани.
Решени се 230 предмети, вклучувајќи и стари случаи од 2017 година.
„Станува сè појасно дека граѓаните во Уставниот суд гледаат правно засолниште, институција во која можат да најдат заштита“, истакна Костадиновски.

Претседателот потсети дека Судот не се колебал да отвори „жешки“ теми и да поништува владини одлуки. На маса биле ставени Законот за данок на солидарност, измените во Кривичниот законик, Законот за јазиците, платите на функционерите и Пописот.

Воведена е нова практика на „метаправни аргументи“ – Судот веќе не ја гледа само формата, туку цени дали законите се општествено оправдани, нужни и пропорционални.

Костадиновски упати директни и итни апели до надлежните институции кои го оставаат Судот некомплетиран:

До Судскиот совет и Собранието: „Постапете итно! Изберете ги недостасувачките уставни судии веднаш!“
До политичарите: „Воздржете се од етикетирања и покажете реална, а не декларативна посветеност на владеењето на правото.“
Револуција: Седниците ќе се пренесуваат во живо?
Како следен чекор за враќање на довербата, Костадиновски најави дека лично ќе инсистира на воведување пренос во живо (live stream) на сите седници на Уставниот суд, бидејќи техничките услови се веќе исполнети со помош на донациите од турската агенција ТИКА.

„Бидете спокојни, ние сме институција која ќе ги штити вашите права и која нема да прави компромиси со никого“, им порача тој на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадиновски со остра порака до политичарите –…

„Нервозата кај политичарите значи дека сме на…

Во недела вондредни парламентарни избори во Косово

Во недела, во Косово ќе се одржат…

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на…

Хуман апел сите заедно со сплотено срце…

Договорот за изградба на железнички тунел со…

Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна…

УЈП: Даночењето на доход од странство е…

Управата за јавни приходи соопшти дека обврската…