Коцевски: Поднесувам неотповиклива оставка – Постапката за мое разрешување ќе се најде во следниот извештај на ЕК за Македонија

t

Од почетокот тврдев дека евентуалнатга постапка за мое разрешување е политичка одлука и затоа денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен овинител на Република Северна Македонија, истакна денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој нагласи дека од функцијата заминува со крената глава.

– На само еден час пред закажаниот почеток на седницата во Собранието за мое разрешување, пристигна поканата за присуство на седницата, а предлогот за разрешување не е доставен. Станува збор за предлог кој не е заснован ниту на закон, ниту на факти, туку претставува опасен преседан со далекусежни последици по независноста на ЈО, објасни Коцевски кој вели дека предлогот содржи три елементи за разрешување, а ниту еден од нив нема образложение.

Обвинителот објасни дека државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку изврши тешка дисциплинска повреда.

– Самата постапка за мое разрешување е правно неиздржана. Суштината е далеку поважна. Откако ја презедов функцијата, Обвинителството функционира во услови на сериозни кадровски и финансиски ограничувања, бројот на истражители е намален, се работи со намален капацитет, без современи алатки и без основни услови за работа. И покрај сето ова, резултатите од работата се видливи, мерливи и јасни. Податоците од годишните извештаи велат дека ефикасноста на ЈОРМ е зголемена во 2024 година, во однос на 2023 година, објасни Коцевски кој додаде дека се сработени голем број на предмети од јавен инстерес, во кој се опфатени разични лица блиски до различни политички и бизнис центри на моќ.

Според Коцевски, за рекордно време од два и пол месеци е завршена истрагата за пожарот во дискотеката Пулс, а во тек се постапки и предмети кои произлегоа од таа постапка.

– Сето ова во услови кога извршната власт не ни обезбеди никакви услови за работа. Предлогот за мое разрешување верувам дека ќе се најде во следниот извештај на Европската комисија, смета Коцевски. Според него причина за разрешување е тоа што јавно зборуваше за лошите услови и бараше од извршната власт да се подобрат условите за работа на Обвинителството.

За крај, Коцевски им се заблагодари на вработените во Обвинителството за макотрпната работа и покрај сите притисоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцевски: Поднесувам неотповиклива оставка – Постапката за…

Од почетокот тврдев дека евентуалнатга постапка за…

Македонија и формално влезе во преговори за…

Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…

Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови…

„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но…

Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…

Целата приказна со Кочани е доста интересна…

Рекордни зголемувања на водостоите во Македонија

Водостоите на речните текови во земјава денеска…