Кочани е во колективна траума и по 50 дена од трагедијата во дискотеката „Пулс“

t

Кочани е во колективна траума и по педесет дена од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе, а околу 200 беа повредени. Наместо протестен марш низ кочанските улици, до општината, полицијата и обвинителството денеска беше организирана велосипедска тура по патеката на оризот. Велосипедската тура во која учествуваа над 300 велосипедисти е на иницијатива на родителите.

Родителите на загинатите деца прашаа дали треба да ни се случи трагедија за да си подадеме рака, да се сплотиме, да си бидеме поддршка и да сме сите заедно. Порачаа дека се заедно и им даваат поддршка на сите повредени, посакувајќи им побрзо оздравување. Не се откажуваат и велат дека заслужуваат одговори и инсистираат на нив. Жителите на Кочани тагуваат и велат дека нема семејство кое не е поврзано со пожарот во „Пулс“.

Велосипедистите со едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“, како симбол на задоцнетата институционална реакција точно во 12.05 часот им одадоа почит на 62 млади луѓе кои на 16-ти март ги изгубија своите животи во пожарот.

Обвинителот Коцевски претходно информираше дека истрагата за пожарот во „Пулс“ треба да заврши на 17-ти јуни. Работат 13 обвинители, а истрагата се води за кривичното дело-тешки дела против општата сигурност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…