„Кој е следен?“ најавува јавен онлајн состанок на кој ќе се разгледа претставката за случајот во Кочани
Граѓаните ќе можат директно да дадат мислење пред расправата за претставката на здружението „16-ти Март“ од Кочани.
Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најави дека во сабота, 6 декември, во 18 часот ќе одржи јавен онлајн состанок, на кој ќе се соберат ставови, предлози и забелешки од јавноста. Целта е тие да бидат систематизирани и доставени до пратениците кои на 9 декември ќе присуствуваат на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Повод за иницијативата е претставката поднесена од здружението на родители „16-ти Март“ од Кочани, кое бара утврдување политичка одговорност и измена на законските рамки со цел да се спречат идни трагедии налик на онаа што ги засегна нивните семејства. Комисијата ќе треба да ги разгледа наводите во претставката и да утврди дали постојат повреди на слободите и правата на граѓаните.
„Кој е следен?“ ги повикува сите заинтересирани граѓани да се вклучат во онлајн состанокот и да помогнат да се формулираат предлозите што ќе бидат презентирани пред народните избраници. Од иницијативата нагласуваат дека ваквиот процес придонесува за транспарентност, институционален надзор и засилено учество на јавноста во чувствителни општествени прашања.
Седницата на Комисијата е закажана за 9 декември 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите…
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претпладнево…
Трамп свика итен состанок за Венецуела во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе одржи…
Трамп: Не сакав бесмислен состанок со Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Воените лидери на НАТО утре на состанок…
Воените лидери на НАТО утре ќе одржат…
Го плаќаме данокот од короната: Во Србија…
Дури 80% од паиентите кои прележале коронавирус…