„Кој е следен?“ повикува на масовен марш против насилството на 8 Март: Да го срушиме овој систем на алчност и насилство

t

„Оваа полиција не е наша полиција. Оваа држава не е наша држава. Време е заедно да осмислиме поинакво општество.“ Со овие зборови почнува најавата на големиот осмомартовски марш кој го организира граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ во недела, на 8 Март. Протестниот марш е против насилството во нашето општество, посебно врз жените, како и во знак на револт кон односот на државата и нејзините институции кон овој горлив проблем.

Најавата доаѓа по страотната трагедија во скопската населба Тафталиџе, каде мајка се фрли од балкон на зграда заедно со нејзината шестгодишна ќерка, откако со години трпела физичко и психичко насилство од сопругот и татко на девојчето.

Од „Кој е следен?“ повикуваат граѓаните масовно да излезат на маршот во недела и да го кренат својот глас против насилството. Еве ја целата најава:

„МВР поднело кривична пријава „по брза постапка“. Каква е таа брза постапка откако биле одземени животи? Откако жената и нејзините соседи веќе десетици пати пријавувале? Каква е таа заштита што доаѓа отпосле?

Нашиот глас никогаш не се слуша. Пријавуваш во полиција, ништо не се презема. Доаѓаме до крајности и се крева револт… и пак ништо. Сериски убијци и тепачи на деца и жени си шетаат како шерифи и никој ништо не им може, заштитени од институциите што ги плаќаме со наши пари.

А каде ни е силата на нас како народ?
Самите се омаловажуваме дека не можеме ништо да смениме. На рака се бројат тие во фотелјите, од нив ли се плашиме?
Тие не се ништо без нас!
Ние ги раниме нив.
Од нас ја добиваат силата.
Да го пресечеме тоа, ќе изгладнат, тие ќе нè молат нас за „храна“.

Доста трпиме, да му ставиме крај на малтретирањето и убивањето на народот, а особено на жените. Да излеземе СИТЕ заедно на маршот за 8. Март, рамо до рамо со нашите сестри, мајки, ќерки, девојки, другарки, со жените што ги познаваме и што не ги познаваме. Заедно да се избориме за праведен, хуман и грижлив свет и да го срушиме овој систем на алчност и насилство.

Системот мора да е следен. Се гледаме на 08.03 во 12:00 часот во парк „Жена борец“, велат од „Кој е следен?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…

Градоначалниче, праќате празни пораки, насилството во Битола…

*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…

Браќа-насилници со тврд предмет тепале девојка во…

22-годишна девојка од Скопје вчеравечер пријавила во…