Кој истовара нови глутници бездомни кучиња во Скопје, некои животни се дури од Албанија?

t

Големиот број на бездомни кучиња по скопските улици е голем проблем и за скопјани и за самите животни. Проблемот институционално се решава, но многу споро.

Дополнително загрижува фактот дека деновиве во Скопје се истовараат нови кучиња. За ова зборуваат и од Здружението за заштита на животните Анима Мунди од каде алармираат и бараат итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во Скопје.

Од здружението информираат дека во изминатите денови, во општина Карпош се појавила нова глутница кучиња кои се целосно непознати за локалното население. Станува збор за нестерилизирани и необележани кучиња, што, како што наведуваат, исклучува можност за природен прираст и укажува на насилна дислокација.

Анима Мунди информира дека на терен биле пронајдени и кучиња со ушни маркици од Република Албанија, што, како што наведуваат, отвора сериозни сомнежи за нелегален и можен прекуграничен транспорт и напуштање на животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој истовара нови глутници бездомни кучиња во…

Големиот број на бездомни кучиња по скопските…

(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената…

Саит Саити, осомничен дека ја усмртил 79-годишната…

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина од САД…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди документот за…

Руте во Хрватска изјави дека Трамп ги…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…

ЕК: Европската унија може да го заштити…

Европската унија може да го заштити Гренланд…