Коњановски во работна средба со британскиот амбасадор Лосон во Битола
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, кој ја реализира својата прва официјална посета на Битола.
На состанокот двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји. Коњановски го запозна амбасадорот со развојните потенцијали на Битола, нејзината историска и културна улога, како и економското значење на градот, истакнувајќи дека постои широк простор за продлабочување на соработката.
Во рамки на посетата, Британската амбасада организираше прием во Офицерскиот дом, на кој присуствуваше и градоначалникот Коњановски, продолжувајќи ги разговорите за идни заеднички иницијативи и партнерства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коњановски во работна средба со британскиот амбасадор…
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска…
Трамп сака да ги запре борбите меѓу…
Претседателот на САД, Трамп, има намера да…
СДСМ: Ќе ја потпише ли ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата…
Цел ден нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали…
Фатмир Лимани го напушта Движењето БЕСА, создава…
Лидерите на коалицијата ВЛЕН го разгледуваат предлогот…
ДУИ и Вреди обединети – на протест…
Нема да им успеат намерите за провокации…